Роналдо застана во одбрана на Игуаин: Не го заслужи ова!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристиано Роналдо застана во одбрана на својот поранешен соиграч Гонзало Игуаин кој беше исклучен во синоќешното дерби помеѓу Милан и Јувентус.

Аргентинецот во првото полувреме промаши пенал, а во 83-та минута доби жолт картон поради прекршок, а потоа и поцрвене поради протест кон судијата.

Меѓу фудбалерите кој му пријдоа да го смират беше и Кристиано Роналдо, кој застана во негова одбрана.

„Му реков да се смири бидејќи ризикува уште потешка казна. Не заслужи да добие црвен картон бидејќи не направи ништо посебно. На крајот беше лут поради поразот, што е разбирливо. Се надевам дека нема да го казнат престрого“, изјави Роналдо по мечот.

https://youtu.be/rh7Y_KZtQpI