Роналдо со оваа порака уште еднаш ја покажа својата големина (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кристиано Роналдо уште еднаш ја воодушеви спортската јавност со пораката која ја испрати до едно дете во Уругвај.

Пред неколку дена во Уругвај беше избегната голема несреќа на еден натпревар на кој 8-годишниот Факундо Риуз едвај остана жив. Ова момче се сруши на теренот откако престана да му работи срцето, но за среќа лекарите реагираа експресно и го спасија.

Оваа вест брзо одекна ширум светот, а Кристиано Роналдо лично испрати порака до 8-годишното момче.

„Чао Фернандо, ти испраќам голема прегратка и ти посакувам брзо опоравување. Се ќе биде како што треба и мораш да имаш сила, а кога ќе се опоравиш ќе дојдеш во Торино да гледаш наш натпревар. Важи? Брзо опорави се, пријателе“, му порача Роналдо.