Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Раководството на Киево ги зголеми цените на билетите за првото коло од италијанското првенство за цели 50%, пренесуваат италијанските медиуми.
Причината е многу јасна, противник е тимот на Јувентус, каде од оваа сезона ќе игра светската супер-ѕвезда Кристиано Роналдо.
Така цените на билетите за првиот ред од централната трибина скокнаа од 100 на 150 евра. Пред неколку дена се покавија информации дека билетите за мечот со Парма од 3-то коло скокнале седумкратно на црниот пазар.
Италијанските медиуми пренесуваат дека цената на билетите значително ќе се зголеми на сите стадиони, особено во секторот кај гостинските навивачи.
Тоа значи дека навивачите на Јуветус за да ги гледааат гостувањата на својот тим оваа сезона ќе треба да издвијат многу поголема сума на пари. Секако, и билетите на „Алијанц Стадиум“ оваа сезона се 30% поскапи во однос на претходната.
Cristiano Ronaldo will officially debut for Juventus against Chievo on either the 19th or 20th August. pic.twitter.com/N09nfLpxoY
— Transfer News (@TrustyTransfers) July 26, 2018