Роналдо: Се срамев поради обвинувањата за силување


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалската мегаѕвезда Кристиано Роналдо ја отвори душата и прв пат јавно проговори за обвинувањата за силување.

Американката Кетрин Мајорга го обвини Роналдо за силување во еден хотел во Лас Вегас во јуни 2009 година, а фудбалерот на Јувентус веднаш ги негираше обвинувањата.

Истрагата повторно беше отворена минатиот август, откако Мајорга поднесе тужба и изнесе детали кои наводно тогаш ги криела.

Меѓутоа, обвинителството во јуни се изјасни дека случајот нема да биде процесуиран поради недоволно докази.

„Се играат со твоето достоинство. Тешко е, имаш девојка, имаш семејство, имаш деца. Се сеќавам дека еден ден седев во дневната соба со девојката, гледавме телевизија и слушнавме вести во кои се говореше дека Кристиано Роналдо го направил ова и ова. Слушнав дека моите деца доаѓаат и го сменив каналот бидејќи бев посрамотен“, изјави Роналдо.

„Го променив каналот за Кристиано Јуниор да не види дека зборуваат лошо за неговиот татко. Тоа беше многу тежок период, се чувствива многу лошо поради тие обвиненија кои удрија на мојата чест и достоинство“, додаде Португалецот.