Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Супер-ѕвездата Кристиано Роналдо неодамна ја бојкитираше УЕФА, а медиумите најавуваат дека денес ќе ја бојкотора и церемонијата на ФИФА за најдобар играч.
Роналдо е еден од тројцата номинирани кандидати за „The Best“, па се шпекулира дека неговото отсуство е доказ дека веќе го дознал победникот.
„Никој од Јувентус нема да присуствува на церемонијата затоа што нема време. Тимот се врати доцна во Торино, а нов натпревар се игра во среда. Се заблагодаруваме на повикот, но нема да може никој да присуствува“, соопштија од Јувентус.
Церемонијата организирана од страна на ФИФА за доделување на наградата „The Best“ ќе се одржи вечерва, а се поизвесно е дека наградата ќе заврши во рацете на Лука Модриќ.