Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Вечерва Јувентус го игра натпреварот на сезоната против Атлетико Мадрид, па сите очи ќе бидат вперени во Кристиано Роналдо кој пристигна во Торино да и помогне на „дамата“ да ја освои Лигата на шампиони.
Ден пред големиот меч, Роналдо во интерју за италијанските медиуми зборуваше за заминувањето од Реал, ривалитетот со Атлетико и очекувањата од Серија А.
„Без никаков сомнеж очекувам уште еден тежок меч. Атлетико е тим кој играше две финалиња во Лигата на шампиони во последните четири години. Има тим за да го освои ова натпреварувње. Но, ако ние играме на нашето ниво, ќе одиме понатаму“, сигурен е Роналдо, кој тврди дека Серија А има многу поголем квалитет отколку што се мисли.
„Балансот помеѓу тимовите во Серија А е одличен, погледнете колку голем квалитет има и на индивидуално ниво. Брзо се навникнав на Серија А, која е многу тешко натпреварување. Искрено, кога доаѓав не очекував дека ова лига ќе биде толку тешка, посебно за напаѓачите. Тоа сознание додатно ме усреќи“.
„Според мене Серија А е потешка од Примера. Во Шпанија е се отворено, тимовите повеќе ризикуваат, додека овде приоритет е одбраната. Играв и во Англија пет години и мислам дека тоа е единствената лига каде е потешко да се постигне гол отколку во Италија“, заклучи Роналдо.
Португалецот на крајот истакна дека е среќен од својот избор и дека неговото семејство е среќно во Италија.
„Иако оставив пријатели, семејство и дојдов во Италија, потполно нова средина за мене, сепак одлично се вклопив. Од своја 11-та година сум излезен од дома, живеев во Англија, Мадрид, па сега во Торино. Искрено, јас и моето семејство сме многу среќни во Италија и не ми недостасува Шпанија“, тврди Роналдо.