Роналдо повторно го изваде Манчестер Јунајтед „од калта“, Барса „добитна“ преку Фати, Левандовски приреди голгетерско шоу


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Кристиано Роналдо го спаси Манчестер Јунајтед од пораз против Аталанта, Анси Фати ја држи Барселона „во живот“ во Лигата на шампиони.

Аталанта брзо дојде до водство, уште во 11-та минута со голот на Иличиќ. Сепак, голот оди на душа на голманот Де Геа, кој очигледно можеше многу подобро да реагира.

При крајот на првото полувреме Роналдо погоди за 1:1 после одличната асистенција со пета на Бруно Фернандеш.

Меѓутоа, Запата уште еднаш покажа колку е ранлива одбраната на Јунајтед и во 55-та минута повторно ја донесе во водство Аталанта.

Кога сите помисија дека Италијанците ќе запишат голема победа, Роналдо во судиското продолжение постигна фантастичен гол за конечни 2:2.

На Барселона и беше потребна победа на тешкото гостување кај Динамо Киев за да остане во борба за нокаут фазата од Лигата на шампиони.

Каталонците во првото полувреме се мачеа. Сепак, новата „десетка“, Ансу Фати ја донесе Барсселона во водство во 70-та минута што се покажа како клучен момент на мечот.

Баерн оствари висока победа над Бенфика 5:2, а главна ѕвезда беше Левандовски кој постигна хет-трик.

Јувентус со новата победа над Зенит го обезбеди пласманот во следната фаза. Севиља загуби од Лил на домашен терен (1:2), а Виљареал беше сигурен против Јанг Бојс (2:0).