Роналдо потврди: Добив близнаци!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најдобриот фудбалер во светот и капитен на Португалија, Кристиано Роналдо ја напушти репрезентацијата после поразот во полуфиналето на Купот на конфедерациите бидејќи стана татко на близнаци.

Долго по медиумите се провлекуваше темата дека Роналдо наводно чека ново дете, а сега сето тоа доби потврда, откако Португалецот откри дека добил близнаци со сурогат мајка.

„Играв за репрезентацијата со душа и тело, иако добив двајца синови. За жал не успеавме да се пласираме во финале, но сигурен сум дека на Португалија ќе и донесеме уште радости. Сепак, сега ќе може да им се посветам на синовите“, напиша Роналдо.

Португалецот покрај близнаците има уште еден син, седумгодишниот Кристиано Јуниор.