Спорт

Роналдо после големиот јубилеј: Не бркам рекорди, тие ме бркаат мене (фото)

Фудбалерите на Португалија синоќа беа поразени во гости против Украина со 2:1, а натпреварот беше во центарот на вниманието поради Роналдо.

Роналдо во финишот на натпреварот успеа да го ублажи поразот на својата репрезентација кога постигна гол од пенал. За него ова беше голем јубилеј бидејќи тоа беше негов 700. погодок во кариерата.

„Не секој може да ја достигне таа бројка. Благодарност до моите соиграчи и тренери кои ми помогнаа да станам играч каков што сум. Разочаран сум што не победивме, но горд сум на тимот. Не бркам рекорди, тие самите ме наоѓаат. Без опсесија, тие самите доаѓаат“, изјави Роналдо.

Роналдо головите ги постигна настапувајќи за Спортинг Лисабон, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус и репрезентацијата на Португалија

Advertisements
To Top