Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кристиано Роналдо освен што е еден од најдобрите фудбалер во светот, многу пати ја покажа и својата хумана страна, а сега повторно покажа дека е голем човек кога светот се бори со пандемијата на коронавирусот.
Роналдо има ланец на хотели во неколку европски земји како што се Португалија, Франција, Шпанија, и одлучи сите свои хотели да ги претвори во болници во кои ќе се лекуваат заразените лица со коронавирусот.
За да биде уште похуман потегот, Роналдо решил сам да ги плаќа докторите и медицинскиот персонал, барем така тврди шпанска „Марка“.
Еден од најдобрите фудбалери во историјата во моментов е во домашен карантин во родната Мадеира, откако неговиот соиграч Ругани беше позитивен на коронавирус.