Роналдо објави дека починало синчето од близнаците кои ги очекуваа со Георгина


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо објави дека неговиот новороден син починал при пораѓањето на Георгина која беше бремена со близнаци – машко и девојче.

Тој и неговата сопруга Георгина Родригез во октомври соопштија дека чекаат близнаци, а португалската фудбалска ѕвезда денеска на Инстаграм објави дека момчето починало.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

„Со најдлабока тага мора да објавиме дека нашето момченце почина. Тоа е најголемата болка што може да ја почувствува еден родител. Самото раѓање на ќеркичката нѝ дава сила да го преживееме овој момент со малку надеж. Благодарни сме на докторите и на медицинските сестри на стручната грижа и поддршка“, наведено е во соопштението кое е потпишано од двајцата родители.

Тие, воедно, побараа да се почитува нивната приватност.

„Момче наше, ти си нашиот ангел. Засекогаш ќе те сакаме“, стои во објавата.

Кристијано Роналдо има четири деца – Кристијано јуниор, близнаците Ева Марија и Матеа и Аланa Мартина.