Роналдо: Никој не може да се спореди со мене!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристиано Роналдо во јавноста има имиџ на фантастичен, но и многу егоцентричен фудбалер.

Португалецот во најновото интервју зборуваше за самиот себе и даде уште повеќе аргументи за епитетот „егоцентричен“.

„Јас секогаш сонував дека ќе бидам врвен фудбалер, уште од мали нозе. Пријателите ми говореа: ’Што зборуваш?’ Селогаш играв поради забава, а во Манчестер сватив дека навистина можам да станам најдобар“, изјави Роналдо во видео кое е објавено на неговиот Инстаграм.

„Не гледам многу луѓе кои имаат талент како мене, посветеност и работна етика. Никој не може да се спореди со мене. Нема да има уште еден Кристијано Роналдо. Вие сте вие, а јас сум јас“, порача Роналдо.
Иако прилично лошо ја започна сезоната, Роналдо веќе има 33 гола во 34 настапи за Реал сезонава.