Роналдо: Нема да потпишам продолжување на договорот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристиано Роналдо продолжи да постигнува голови во Лигата на шампиони, додека во Примера е во голем „пост“. Сепак, неговиот гол синоќа беше доволен само да се спаси честа на европскиот шампион.

Тотенхем беше многу подобар противник и заслужено славеше со 3:1. Шпанските медиуми шпекулираат дека претседателот Перез веќе бара замена за Роналдо и дека како негов наследник сака да го донесе Нејмар.

„Се чувствувам одлично во Мадрид. Ве потсетуваме дека имам уште четири години од договорот со Реал и не сакам да брзам. Нема да потпишам продолжување на соработката, задоволен сум“, изјави Роналдо синоќа по мечот.

Португалецот порача дека не е загрижен поради лошата форма на тимот и дека имаат доволно време да се вратат на врвот.