Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вечерва на програмата се последните натпревари од групната фаза во Лигата на шампиони, а тоа ќе биде шанса за поставување нов рекорд на Нејмар и Роналдо.
Првите ѕвезди на Реал Мадрид и ПСЖ до сега постигнаа гол на сите 5 натпревари, па можат да станат првите играчи во историјата на ЛШ кои погодиле на сите шест мечеви во групната фаза.
Роналдо до сега има постигнато 8 гола оваа сезона, а вечер игра против Борусија Дортмунд на „Сантиаго Бернабеу“. Нејмар пак има постигнато 5 гола, а за влез во историјата треба вечерва да погоди на „Алијанц Арена“ против Баерн Минхен.
Ниту еден фудбалер до сега не успеал да постигне гол во сите натпревари од групната фаза.