Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо го има еден од најлошите, ако не и најлошиот старт на сезоната во кариерата.
Веќе почна октомври, а Португалецот се уште нема постигнато гол во Примера, што никогаш претходно не му се случило.
Веќе со недели во медиумите се шпекулира дека Роналдо е незадоволен бидејќи бара подобар договор од клубот. Меѓутоа, една од причините за неговото незадоволство може да биде заминувањето на неговите блиски пријатели како Пепе и Коентрао.
Некогаш моќниот португалски клан во „кралскиот“ клуб сега има само еден член, но тоа набрзо би можело да се промени.
Како што пренесува „Дон Балон“, Роналдо имал состанок со претседателот Флорентино Перез и му порачал дека сака да го види во Реал неговиот сонардник Вилијам Карваљо.
Карваљо е дефанзивен играч за врска кој игра во Спортинг и е високо ценет во фудбалскиот свет, па би можел да биде идеална замена за Каземиро.
Роналдо сака во Реал повторно да има некој сонародник, па нема да биде чудно ако Перез му ја исполни желбата уште во јануари.