Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез пред неколку дена изјави дека „кралскиот“ клуб на лето ќе донесе неколку нови засилувања.
Јасно е дека по завршувањето на сезоната неколку фудбалери ќе го напуштат „Сантиаго Бернабеу“ бидејќи в тимот има неколку играчи кои не се задоволни од својот статус.
Поради тоа треба да се очекува дека Реал ќе донесе барем едно звучно засилување, а шпанските медиуми денес пренесуваат дека „кралевите“ веќе стапиле во контакт со ѕвездата на ПСЖ, Марко Верати.
Италијанскиот репрезентативец е желба на многу европски гиганти, но може да остане само желба на Флорентино Перез бидејќи медиумите тврдат дека во тимот има неколку играчи кои се противат на доаѓањето на Верати.
Како што пренесува „Мундо Депортиво“, Роналдо јасно му порачал на претседателот на Реал дека не сака Верати да пристигне на „Сантиаго Бернабеу“.
Наводно Португалецот дознал дека Верати е љубител на ноќниот живот и дека таков фудбалер не е пожелен во соблекувалната на Реал Мадрид.
Сега останува да видиме дали Перез ќе ја послуша својата најголема ѕвезда или ќе си тера по свое…