Роналдо на соиграчите им ги открил неговите планови за следната сезона


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кристиано Роналдо им соопштил на своите клупски соиграчи дека и следната сезона останува во Манчестер Јунајтед.

Единствениот услов за тоа е новиот менаџер Ерик тен Хаг да го сака во составот. 37-годишниот Португалец има договор со „Црвените ѓаволи“ на уште една година, но откако Јунајтед не ибори пласман за ЛШ се погласни се шпекулациите за негово заминување.

„Сан“ цитира извор близок до клубот и тврди дека Роналдо не сака да си оди во вака тежок момент за Јунајтед и сака да му помогне на клбот да се врати во ЛШ и да се бори за титулата во Премиер лигата.

Во случај Тен Хаг да реши дека нема да смета на Роналдо за да ја гради иднината на тимот, тогаш Португалецот ќе си замине.

И покрај фактот што сеозната беше лоша за Манчестер Јунајтед, Роналдо ги задржа своите стандарди и до сега има постигнато 24 гола.