Роналдо „како луд“ фрла пари на скапи автомобили


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Во понеделникот, Роналдо го пропушти тренингот за да ја посети фабриката во Ферари со шефовите на Јувентус, Андре Ањели и Џон Елкан. Тој си купи автомобил вреден 1,6 милиони евра. Челниците на Јувентус се обидоа да ја расположат својата најголема sвезда. Познато е дека Роналдо е голем љубител на скапи автомобили.

Роналдо веќе има два комплети Бугати (Чирон и Вејрон) во гаражата, Мекларен Сену, Ламборџини Авентадор, Шевролет Камаро, Range Rover Sport, Мерцедес АМГ ГЛЕ, Ролс Ројс Кулинан, Бентли Континентал ГТ, Ферари Ф12 ТДФ и Мерцедес Класа Г Брабус.

Неговите автомобили вредат вкупно околу 18 милиони евра.

Португалецот го купил и Bugatti Centodieci за околу 10 милиони евра. Ги има само десет во светот, а еден од сопствениците е Роналдо.

Centodieci е специјален модел претставен во 2019 година, 20 кг полесен од Chiron кој служел како основа и има 1600 КС, што е за 100 КС повеќе од веќе ексклузивниот Chiron.

Го придвижува 8.0-литарски бензинец W16, напојуван од четири турбо полначи, што му овозможува на овој егзотик забрзување до 100 км / ч од место за само 2,4 секунди и максимална брзина на електронски ограничените 380 км на час.

Кликнете тука за да ја видите галеријата за автомобили на Роналдо.