РОНАЛДО – ЈУВЕНТУС ЦЕЛАТА ВИСТИНА: Клаузули, спонзори и конфликтот со Перез!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Кристиано Роналдо денес е главна тема во сите спортски медиуми од целиост свет кои го најавуваат „трансферот на векот“ и неговата преселба во Јувентус.

Оваа вест пред неколку дена прв ја пренесе „Тутоспорт“, а потоа почнаа да пристигнуваат потврди од сите страни, па дури и од „Марка“ која е блиска до Реал Мадрид.

Се започнало кога Јувентус го договараше трансферот на Жоао Кансело со супер-агентот Жорге Мендеш. Тогаш најмоќниот менаџер во светот им предложил на „бјанконерите“ да го донесат Кристиано Роналдо и ги информирал дека клаузулата не важи за нив.

Имено, откупната клаузула од 1 милијарда евра во договорот на Роналдо важи само за шпанските, англиските клубови и ПСЖ, а „кралевите“ сметале дека не постои опасност од други клубови од Европа.

Мендеш ги информирал Италијанците дека можат да го донесат Роналдо за 100 милиони евра и „старата дама“ се согласила, па набрзо биле договорени сите детали – четиригодишен договор вреден 120 милиони евра (30 милиони евра по сезона).

Португалските медиуми и шпанска „Марка“ денес ги открија и вистинските причини за трансферот. Имено, Роналдо е во конфликт со претседателот Флорентино Перез и смета дека неговиот циклус во Мадрид е завршен. Поради тоа е спремен за нова авантура и веќе му кажал ДА на Јувентус.

Италијанските медиуми сега пишуваат дека двата најголеми спонзори на Јувентус, „Адидас“ и „Џип“, се подготвени да финансираат една третина од платата на Кристиано.

Бидејќи Роналдо веќе 15 години е модел на „Најк“, од „Адидас“ се исклучително заинтересирани за овој проект.

Целиот трансфер ќе го чини Јувентус 350 милиони евра. Роналдо ќе потпише четиригодишен договор од 30 милиони евра по сезона, а тоа е точно 250 милиони евра бруто, плус 100 милиони евра за трансферот. Сепак, клубот од Торино се надева дека само од маркетинг ќе врати 30% од таа сума, плус ќе има голема помош од спонзорите.

Се е спремно за трансферот на векот….