Спорт

Роналдо ја промени историјата: Го мина Пушкаш и стана најефикасен Европеец!

Кристијано Роналдо со голот против Мароко дојде до 85-от гол за Португалија и со тоа стана најдобар европски стрелец во историјата на репрезентативниот фудбал.

Португалската супер-ѕвезда на листата со стрелци го премина легендарниот Унгарец Ференц Пушкаш, кој погоди 84 пати за својата репрезентација

Кристиано за да дојде до 85 гола му беа потребни 152 натпревари со националниот дрес. Единствен фудбалер кој постигнал повеќе голови за својата репрезентација е иранската легенда Али Даеи, кој има 109 гола во 149 меча за својата репрезентација.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top