Роналдо ја призна вината и прифати двегодишна условна затворска казна


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кристиано Роналдо се погоди со шпанскиот суд и обвинителството и се согласи на условна казна од две години затвор како разрешница за обвиниението поради затајување на данок на приходи од права на фотографии во периодот од 2011 до 2014 година.

Наместо затвор, Роналдо ќе мора да плати 18,8 милиони евра. Но, над глава му виси затвор ако во наредните две години направи ист или сличен прекршок.

Потсетуваме, Роналдо претходно се обиде да се погоди со шпанското обвинителство и понуди 14 милиони евра за признавање на вината, но тој предлог беше одбиен, а денес шпанското обвинителство омекна, па Португалецот ја зголеми понудата за 4,8 милиони евра.