Роналдо ја покажа својата големина, и ја воодушеви дури и „жртвата“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Дебито на Кристиано Роналдо во Серија А го одбележа судирот кој го имаше со голманот на Киево, по што Сорентино без свест беше префрлен во болница.

Сорентино заврши со скршен нос и вчера изјави дека Роналдо го „прегазил“ во дуелот, но денес откри нови детали.

Имено, голманот го откри гестот кој го направил Роналдо, со што Португалецот ја воодушеви цела Италија.

„Роналдо ми испрати порака, беше многу загрижен поради она што се случи, го интересираше дали сум добро. Ти благодарам легендо“, напиша Сорентино на својот Твитер профил.