Роналдо ја доби казната – Еве колку натпревари ќе оди на „ладење“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалската федерација на Шпанија ја одреди суспензијата за Кристиано Роналдо поради вчерашниот инцидент во натпреварот против Барселона.

Имено, Роналдо во еден момент го турна главниот судија на натпреварот и сега тоа ќе мора да го „плати“ си тоа што нема да има право за настап во следните пет натпревари на неговиот клуб.

Да потсетиме, Португалецот влезе во дуел со Умтити после што главниот арбитар на натпреварот му покажа жолт картон кој за Роналдо беше втор, првиот го заработи само две минути претходно поради соблекување на дресот при прославата на погодокот.

На крајот Роналдо може и да биде среќен со ваквата суспензија со оглед на тоа што можеше да добие од најмалку четири натпревари до најмногу 12 натпревари.

Во продолжение да го погледнеме контроверзниот момент од 82 минута кога Роналдо го турна судијата…