Роналдо и Меси не му беа ни до колена на негови години – Мбапе е цар со топката


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Веројатно веќе милион пати сте ја чуле таа приказна. Тие споредби со пославните земјаци. Килијан Мбапе веднаш го проследија очекувања од француската нација дека конечно го добиле наследникот на Тиери Анри.

Од друга страна, многумина се сомневаа. Но, дури и оние кои најтешко потпаѓаат под влијание на пропагандата, ќе мора да признаат: Мбапе навистина има потенцијал да стане следната мегаѕвезда на светското фудбалско небо. Бидејќи ни Кристијано Роналдо, ни Лионе Меси, никој на тие години не играше фудбал како Килијан Мбапе.

Во дуелот со Каен постигна два гола и изнуди еден пенал, за 3:0 за Монако, со што за уште еден чекор го приближи до освојувањето на француската титула.

Во почетокот на второто полувреме Фабињо од пенал ја удвои предноста на „Кнезовите“ и натпреварот ја загуби резултатската неизвесност. Но, Мбапе повторно беше во центарот на вниманието. Во 81-та минута, по центаршут на Жоао Мутињо, Мбапе демонстрираше дека умее да биде голгетер и со глава. Тоа можеби беше и најлесниот потег кој го изведе вчера, но грациозноста со која го постигна голот е достојна за пофалба. И навистина, за миг потсети на Анри, бидејќи само најголемите мајстори со топката прават фудбалот да изгледа како наједноставната работа на светот.

Седум минути подоцна Леонардо Жардим го изваде Мбапе од игра, а цел стадион му аплаудираше. Цел стадион во Каен на нозе за детето од 18 години. Детето кое оваа сезона веќе има постигнато 19 гола за Монако.