Роналдо со големо срце – ја продаде „Златната топка“ за да помогне!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во текот на претходните години Кристиано Роналдо покажа дека има големо срце и учествуваше во голем број на хуманитарни акции ширум светот.

Сега уште еднаш на дело ја покажа својата хуманост која на добротворна акција на продаде „Златната топка“ која во 2013 година ја доби за најдобар фудбалер на светот.

Имено, Португалецот ја стави „Златната топка“ на аукција и ја продаде за 600.000 евра. Сите финансиски средства ги донираше во фондацијата „Make-A-Wish Foundation“, која им помага на тешко болните деца.

Роналдо самиот инсистираше репликата од неговата „Златна топка“ да биде на аукција, а на оваа добротворна акција учествуваа и Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола, кои потрошија околу 300.000 долари, нормално за хуманитарни цели.