Роналдо го запре автобусот за да прегрне дете кое боледува од леукемија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери на денешницата на планетарно ниво, Португалецот Кристиано Роналдо, уште еднаш ја покажа и докажа својата најприземна хумана страна, наспроти неговата мегапопуларност и слава.

За време на подготовките за финалето од Лигата на наците против Холандија во Порто, Кристиано Роналдо направи потег со кој уште еднаш ги освои срцата на неговите обожаватели и пошироката јавност.

После тренингот, меѓу навивачите кои стоеја и го чекаа, Роналдо забележа едно момче кое држеше транспарент со натпис „Кристиано, прегрни ме“. Роналдо го замоли возачот да го запре автобусот за да се фотографира со својот мал обожавател.

На 11-годишното дете Едуардо Мореира, кое страда од леукемија, Кристиано му го исполни неговиот сон да се сретен со својот идол и да се фотографира со него.