Роналдо ефект: Јувентус се проби на 3-то место по популарност на Инстаграм


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Живееме во ера каде спортските клубови секојдневно се борат да ја зголемат својата популарност на социјалните мрежи.

Со доаѓањето на Кристиано Роналдо јасно беше дека Јувентус ќе ја зголеми својата популарност, а сега бројот на следбеници на страницата на Инстаграм на Јувентус надмина 31,1 милион.

Со тоа клубот од Торино го помина Манчестер Јунајтед во овој индикатор и се искачи на третото место меѓу фудбалските клубови.

Бројот на следбеници на Јувентус драстично се зголеми по доаѓањето во клубот на Кристиано Роналдо. Во 2018 година, на почетокот на летото, италијанскиот шампион имаше „само“ осум милиони следбеници.

Водечките позиции ги заземаат Реал Мадрид и Барселона, со 77,5 милиони, односно 76,4 милиони претплатници.