Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ означи нова ера во светскиот фудбал. Вредноста на фудбалерите преку ноќ стана двојно поголема, а „Мундо Депортово“ открива дека се можело да биде поинаку доколку сакал Кристиано Роналдо.
Роналдо на почектокот на јуни ја алармираше светската јавност кога изјави дека не е среќен во Шпанија и дека е можно да го напушти Реал Мадрид.
Набрзо после тоа ПСЖ осмислил план како да го доведе Роналдо, кој од секогаш беше желба број еден на катарските сопственици. Меѓутоа, како што поминуваше времето така Португалецот се предомисли и свати дека за него нема подобро место од Реал Мадрид.
Тоа било и сигнал за „светците“ да се откажат од Роналдо и со сите сили да се насочат кон доведување на Нејмар, пренесува „Мундо Депортиво“.
Останатото е историја, Бразилецот сам си ја откупи клаузулата од 222 милиони евра (со пари кои ги доби од Катар), пресели во ПСЖ и стана најскапиот фудбалер во историјата на фудбалот.