Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кристиано Роналдо донел одлука во однос на неговата иднина и кариера во Манчестер Јунајтед. Фудбалскиот ас решил да го одработи договорот со Манчестер Јунајтед, пренесува „АС“.
37-годишниот Португалец минатото лето потпиша двегодишен договор, но медиумите на Островот во последно време шпекулираат дека сака да си замине на крајот на сезоната.
Таа опција изгледаше уште поверојатна пред неколку дека кога „црвените ѓаволи“ беа елиминирани од Лигата на шампиони и Роналдо за прв пат од 2005 година остана без освоен трофеј.
Роналдо не е во добри односи со менаџерот Ралф Рангник, но јасно е дека Манчестер Јунајтед ќе добие нов тренер на крајот на сезоната.
Покрај се, Роналдо решил да остане и верува дека Јунајтед ќе назначи одличен менаџер со кој следната година ќе може тимот да се бори за трофеи.