Роналдо донел одлука – заминува, за се е виновен Перез и неисполнетото ветување

ronaldo

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Лисабонскиот весник „Рекорд“ излезе со сензационална вест – Кристиано Роналдо го напушта Реал Мадрид и тоа е негова конечна одлука!

Веќе со денови во медиумите се пишува за наводното незадоволство и желбата на Роналдо да го напушти Реал Мадрид ова лето, а весникот кој важи за близок на клубот во кој Роналдо ја започна кариерата (Спортинг) храбро излезе со детали.

Клучните зборови во текстот се „Роналдо веќе донесе одлука“ и „нема враќање назад“, а прстот се вперува кон првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез кој наводно го прекршил ветувањето.

Како што беше откриено, генералниот менаџер на Реал Мадрид, Хозе Анхел Санчез во вторникот се сретнал со долгогодишниот застапник на Роналдо Жорж Мендеш, каде што еден од водечките функционери на „кралевите“ им соопштил на португалскиот супер агент дека нема да има никаков договор во врска со новата обнова на договорот.

Тоа било капката која ја прелила чашата кај Роналдо, иако „Рекорд“ тврди дека работата не е во парите, веќе во препознавање на комплетната ситуација и се што Португалецот направил за Реал од кога стигне пред скоро една деценија.

ronaldo

На Роналдо не му се допаднало тоа што Перез го прекршил ветувањето кое му го дал во текот на претходните месеци. Нетрпеливоста на релација Роналдо – Перез започнала на почетокот на декември кога односите се вратиле на периодот од 2016 година, односно во времето на најголемите несогласувања, пред последната ревизија на договорот на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Од тогаш проблемите само се зголемуваа, почнувајќи од тоа што Роналдо во соблекувалната ги нема своите блиски пријатели Пепе, Фабио Коентрао и Хамес Родригез, а врвот се достигна со заминувањето на Зинедин Зидан кој ја заврши својата мисија во Реал.

Не е тајна дека Роналдо во Зидан гледаше како кон свој идол и дека тие двајца имаа фантастичен однос. Не треба да се потсетува и дека Роналдо на победничкото славје во Киев, само неколку минути по освојувањето на третата титула во низа во Лигата на шампионите индиректно најави заминување.

Сега изгледа се чека само моментот кога Роналдо тоа и навистина ќе го направи. Во овој момент нема најави каде би можел да ја продолжи кариерата. „Рекорд“ пишува дека опции се Англија, Франција, па дури и Италија.

Според ситуацијата изгледа во Мадрид се спремна уште еден голем „земјотрес“…р