Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кристијано Роналдо и неговата Португалија го завршија настапот на Светското првенство откако беа поразени од Уругвај во осминафианлето.
Ова беше четврто Светско првенство за Кристиано Роналдо, а со оглед на годините најверојатно и последно.
„Сега не е време да се зборува за иднина на фудбалерите и на тренерите. Имаме фантастична група на млади фудбалери со многу амбиции, така што без страв, Португалија ќе има силен тим и во иднина“, истакна Роналдо.
„Бевме подобар тим од Уругвај, но тие дадоа повеќе голови. За жал тоа е најважното. Се боревме, бевме добри, но не успеавме. Мораме да честитаме на противникот за поминување понатаму“, заклучи Португалецот.