Спорт

Роналдо беше запрашан дали ја заслужува „Златната топка“… еве што одговори!

Ѕвездата на Јувентус и португалската репрезентација, Кристиано Роналдо го кажа своето мислење за новиот носител на „Златната топка“.

Роналдо беше запрашан за мислење, откако синоќа со својата репрезентација ја освои Лигата на нации.

„Оваа сезона беше добра за мене, освоив три трофеи. Нема сезона во која играм лошо, па така беше и оваа година. Моите постигнувања во последните 16 години говарт сами за себе, што друго можам да направам? Не знам дали ја заслужувам Златната топка. Тоа зависи од тие кои даваат оценки“, изјави Роналдо.

Во сезоната која заврши Роналдо одигра 47 меча во сите натпреварувања и постигна 31 гола притоа запиша 13 асистенции. Со Јувентус го освои Скудетото и Суперкупот на Италија, а со Португалија Лигата на нации.

Advertisements
To Top