Роналдо: Апсурдно е за голман и дефанзивец да се плаќаат 80 милиони евра!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ѕвездата на Јувентус Кристиано Роналдо ги коментираше случувањата во денешниот фудбал и големите суми кои клубовите ги трошат за купување на нови фудбалери.

Според Португалецот денешната ситуација во која се трошат по 80 милиони евра за голмани и дефанзивци е апсурдна.

„Тешко е да се прави вистински проценки во денешниот фудбал. Индустријата е различна од порано и сега повеќе се плаќа потенцијалот на еден фудбалер“.

„Сега може да се платат до 100 милиони евра за некој играч, дури и ако тој не покажал ништо во досегашната кариера. Денес во фудбалот има повеќе пари. Централниот дефанзивец и голман може да чини 70 или 80 милиони евра. Не се согласувам со ова, но таков е светот во кој сега живееме, а вие мора да го почитувате“, изјави Роналдо.

Пред две години Роналдо од Реал Мадрид премина во Јувентус во трансфер вреден 100 милиони евра, а претходно во 2009 година на „Сантиаго Бернабеу“ пристигна во рекорден трансфер од 94 милиони евра.