Роналдињо и Рикелме се понудија да играат за Шапикоенсе!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Легендарните фудбалери Роналдињо Гаучо и Хуан Рамон Рикелме изразија желба од почетокот на наредната сезона да играат за бразилскиот Шапекоенсе.

Двајцата фудбалери, кои своевремено беа големи ѕвезди на светскиот фудбал сакаат да играат за Шапикоенсе во знак на солидарност со жртвите на трагичниот настан, кога во авионска несреќа загинаа 18 фудбалери и тренерот на клубот.

Рикелме е во играчка пензија веќе две години, но е подготвен повторно да се активира и шест месеци, без паричен надомест, да игра за Шапекоенсе.

„Мојот брат и пријателите сакаат повоторно да играм. Ќе видиме што ќе се случи“, изјави Рикелме.

Бразилските медиуми пишуваат дека сличен чекор ќе направи и некогаш најдобриот фудбалер во светот Роналдињо, кој бил пријател со еден од загинатите играчи на Шапекоенсе и му изрази последна почит.

„Почивај во мир, Матеус! Моите молитви се насочени кон целото твое семејство. Треба да останат силни во овие моменти“, порача Роналдињо.