Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус веќе го договорил првото зимско засилување, а станува збор за играчот за врска на Џенова, Томас Ринкон.
Репрезентативецот на Венецуела пристигна во Џенова пред две сезони и со своите одлични партии го привлече вниманието на поголемите италијански клубови.
Наводно неговиот трансфер во Јувентус е веќе договорен и тој би требало да пристигне во Торино веднаш на почетокот на зимскиот преоден рок.
Интересно е што Ринкон беше голема желба на челниците на Рома, па медиумите тврдеа дека е многу блиску до трансфер на „Олимпико“, но „старата дама“ успеа да го украде играчот пред носот на конкуренцијата.
Целата трансфер операција ќе ги чини „бјанконерите“ 10 милиони евра, така што Јувентис ќе плати 2 милиони евра веднаш, а останатите 8 милиони на крајот на сезоната.