Рома потврди три засилувања во еден ден – главната ѕвезда е Пасторе


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Раководството на Рома денес најпрво ги потврди двете засилувања кои пристигнаа од Интер во договорот за Наинголан, а потоа го официјализира и трансферот на Хавиер Пасторе.

Имено, Давиде Сантон и Николо Занеоло денес и официјално станаа нови фидбалери на Рома, а пристигнаа од Интер како дел од трансферот на Наинголан.

„Волчицата“ веднаш донесе замена за Белгиецот, а тоа е Хавиер Пасторе кој пристигнува од ПСЖ за 20 милиони евра, плус 4 во име на бонуси.

Аргентинецот денес успешно ги мина лекарските прегледи и стави потпис на четиригодишен договор со римскиот клуб.