Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Веќе не е тајна дека Един Џеко со сигурност ќе ја напушти Рома ова лето, па клубот веќе почна да бара негов заменик.
Италијанските медиуми го посочуваат Гонзало Игуаин како идеален човек кој може да го предводи нападот на „волчицата“ следната сезона.
Аргентинецот не се покажа во Челзи, па „сините“ нема да го откупат и сигурно ќе го вратат во Јувентус, но во Торино за него нема место и покарј фактот што нов тренер ќе биде Маурицио Сари.
Јувентус сака што побрзо да се ослободи од Игуаин и неговата висока плата и е спремен да и понуди на Рома интересна трампа.
Имено, „бјанконерите“ покажуваат силен интерес за Костас Манолас бидејќи сакаат да ја засилат одбраната, а „Газета дело Спорт“ тврди дека може да дојде до трампа меѓу двата клуба.
Манолас има откупна клаузула од 36 милиони евра, а моменталната вредност на Игуаин е приближно толку, па двата клуба би можеле да договорат размена со која ќе бидат задоволни двете страни.