Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Управата за јавни приходи известува дека сметководителите, физичките лица кои вршат самостојна дејност, како и работодавачите кои го искористиле правото на финансиска поддршка за справување со здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19, и поднеле некомплетно барање за пресметување на износот за враќање односно претворање во грант на финасиската поддршка до крајниот рок на поднесување 25 март 2021 година, најдоцна до 31 март ќе може да поднесуваат нов – коригиран образец.
-Барање за пресметување на износот за враќање на примената финансиска поддршка за исплата на плати за месеците април, мај и јуни 2020 година -„образец ДБ-БВ-ФП-2″, Барање за пресметување на износот за враќање на примената финансиска поддршка за исплата на плати за месеците октомври, ноември и декември 2020 година – „образец ДБ-БВ-ФП-1″, Барање за пресметување на износот за враќање на примената субвенција за исплата на придонеси од задолжително осигурување за месеците април, мај и јуни 2020 година „образец ДБ-БВ-СПЗСО”, Барање за пресметување на износот за враќање на примената финансиска поддршка за исплата на финансиски средства „образец ДБ-БВ-ФП”, Барање за пресметување на износот за враќање на примената финансиска поддршка за исплата на плати за месеците април, мај и јуни 2020 година „образец ДД-ГДВП/БВФП-1″, Барање за пресметување на износот за враќање на примената финансиска поддршка за исплата на плати за месеците октомври, ноември и декември 2020 година „образец ДД-ГДВП/БВФП-2″, Барање за пресметување на износот за враќање на примената субвенција за исплата на придонеси од задолжително осигурување за месеците април, мај и јуни 2020 година „образец ДД-ГДВП/БВ-СПЗСО”, Барање за претворање на финансиската поддршка за исплата на плати во грант „образец Б-ПФПГ”, се вели во соопштенито од УЈП.