Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Центарот за архивирање на македонската музика, во својство на организатор, најави трибина на тема Рокенролот како саундтрак за новото Министерство за култура на РМ, која ќе се одржи на 05 јуни, со почеток во 17 часот, во Џебното кино при Младинскиот културен центар. Модератор на трибината ќе биде Тошо Филиповски.
Како учесници на трибината, организаторот ги најави Роберт Алаѓозовски, Министер за култура на Р. Македонија, Џабир Дерала, НВО Цивил, Виолета Симјановска, професор на University of Arts во Хелсинки, доктор Јулијана Папазова, професор на Факултетот за музичка уметност, како и музичарите Влатко Стефановски, Петар Младеновски и Петрит Сарачини.
Трибината ќе опфати повеќе прашања, меѓу кои:
Реално ли е да е очекуваме сериозно свртување на курсот на Министерство за Култура од досегашниот турбо фолк маниризам?
Положбата на рок-музиката како јавна потреба со исклучителна долга традиција и неоспорен квалитет, во идната стратегија на Министерството за култура.
Инсистирање на подобрување на положбата на рок-музичарите и нивниот статус во општеството низ постоечките или нови програми на Министерството за култура.
Потреба од постоење на потпрограмска линија за рок-музика во рамките на Министерство за култура, или именување на стручни луѓе во комисиите кои одлучуваат за постоечки и идни проекти кои се однесуваат на рок музиката и музичарите.
Заложба за преиспитување и можни измени, преку јавни дебати, на функционалноста на постојните музички програми и проекти на Министерството за култура вклучително и разните субвенции за музика кои директно или индиректно досега ги одобрувало министерството.