Родителски стилови


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Родителството не е само подарување на живот. Родителството со себе носи многу предизвици: грижа за децата, воститание, овозможување на образование, љубов, нега, социализациа на детето, емоционален разво, одговор на желбите и потребите на детето, развивање на капацитети, поставување граници, користење родителски стратегии. Сите родители немаат исти одговори на овие предизвици и исти барања одсвоите деца за тоа како ќе се однесува родителот и какви барања ќе му поставува на детето. Големо влиание има карактерот и личноста на самото дете. Начесто родителите се прилагодуваат кон темпераментот и спецификите на детето и на то начин се посветуваат на своето дете. Доколку родителот го занемари карактерот, темпераментот и потребите на детето и се однесува спротивно од нив, начесто се работи за имитирање на родителски стил ко го користеле нивните родители или пак сакаат да му го пружат на детето тоа што тие го немале во своето детство.
Родителските стилови начесто се делат на: авторитарен, авторитативен, попустлив и занемарувачки.

Авторитарен родител е оноj коj има високи барања и очекувања од детето, а нечувствителност за неговите
потреби. Наjчесто целите кои ги задава родителот се без образложение, детето нема право на приговор. Овие родители поставуваат казни, не му дозволуваат на детето самото да одлучува, да учествува во поставување на семеjните цели и сл. Децата кои што се резултат на ваков тип на родителство и во текот на целиот живот следат правила, имаат постоjана грижа дали ќе ги задоволат очекувањата на своите родители и другите луѓе, постои ризик од намалена самодоверба, депресиjа и анксиозност. Од друга страна, стануваат лажговци со цел да избегнат казна, може да го насочат гневот кон девиjации и бунтовништво.

Авторитативен родителски стил се смета за наjрелевантен. Детето и родителот заедно учествуваат во семеjниот живот, односно почитта, барањата и потребите се обострани. Родителот се карактеризира со разбирање кон своето дете, забраните се заменети со комуникациjа и разбирање. Децата на авторитативните родители имаат самодоверба, самите знаат да донесуваат одлуки, да проценат ризици, среќни се и успешни.

Попустлив родител е емоционално топол родител. Овие родители се залагаат своите деца да ги направат среќни, но не поставуваат граници. Бидеjќи родителот е премногу насочен кон среќата на своето дете, наjчесто нема jасно поставени барања. За децата за кои велиме дека се разгалени наjчесто потекнуваат од семеjство кое што го практикува овоj родителски стил. Овие деца исто така може да развиат девиjантно однесување, импулсивност, имаат проблеми во социjалните врски и имаат психички и физички проблеми во возрасното доба.

Занемарувачки родител е оноj родител коj не покажува емоционална топлина, не се грижи за детето, не му поставува граници, не разговара за проблемите, не учествуува во животот на детето, ги игнорира емоциите и потребите на детето. Овие родители наjчесто ги оставаат своите деца сами да се воспитуваат. Децата во чие семеjство се практикува овоj родителски стил се лоши ученици, имаат проблеми со самодоверба, емоционално се повлечени, може да развиjат девиjантно однесување, созреваат пред своите врсници, настроени се самозаштитнички и многу често се незадоволни.

Мила Димчевска

Студент на Институтот за семејни студии

Извадок од списанието VOX