Родителите од „Учебници и настава мора да има“ бараат референдум за промените во Законот за учебници и наставни материјали


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Родителите од граѓанската иницијатива “ Учебници и настава мора да има “ до Собранието поднесоа предлог за покренување на иницијатива за распишување на референдум на кој граѓаните ќе имаат можност директно да се изјаснат за новите промени во Законот за учебници и наставни материјали. Од иницијативата велат дека доколку не добијат одговор од претседателот Џафери во рок од три дена, истата ќе ја сметаат за прифатена и ќе продолжат со собирање на потписи.

-Согласно Уставот и Законите ќе пристапиме кон собирање на 10.000 потписи за поддршка на иницијативата за распишување на референдумот.Доколку не успееме, односно ако не бидеме прифатени од претседателот на Собранието, ние денес ќе се упатиме и до Владата ќе продолжиме со мирни протести се со цел да го спречиме овој Предлог- Закон.-Драгана Спасевска.

Реакција за новите реформи пристигна и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од каде велат дека нема да дозволат да се спроведе концепцијата за дигитализација и сметаат дека истата придонесува за дискриминација и нееднаквост помеѓу децата од најрана возраст.

Дигитализацијата чија основна цел е укинување на печатените учебници ќе предизвика многу негативни последици. Најпрво, се воведува концепција која зад себе нема никаква наствана анализа и за која немаме никакво образложение кој, како и на кој начин ќе ја реализира. Немаме ниту финансиска рамка која треба да подлежи на анализа како ќе се одвојат десетици милиони евра годишно.

Во саботата, под мотото “Нашите деца не се експеримент“ родителите кои се против најавените реформи во образованието, излегоа на протести во повеќе градови низ Македонија. Од МОН претходно соопштија дека референдумот е уставно загарантирано право на секој поединец, а протестите против дигитализација ги оценија како апсурдни бидејќи тоа е глобален процес кој се одвива во голем број земји.