Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Изминатите години изгледа дека родителите станаа повозбудени во однос на децата, кога се во прашање се подароците и шопингот. Со желба да ги задоволат своите деца, трошат многу време и енергија за да најдат пооригинален, популарен или поскап подарок. Особено кога им е нивниот роденден или за време на новогодишните празници.
Фактот е дека новогодишните подароци имаат посебен шарм, но како да не се претера?
1. Со премногу подароци се зголемува деструктивното однесување
Децата кои добиваат многу подароци стануваат алчни за време на празниците и трпат негативни социјални и емоционални последици кои продолжуваат и подоцна во животот. Врз основа на истражувањата, таквите деца кога ќе пораснат се подложни на долгови, коцкање и опсесивен шопинг. Секако дека отворањето на подароци предизвикува експлозија на среќа, но имајте на ум дека таа среќа поминува брзо и децата брзо стануваат гладни за уште подароци.
2. Премногу подароци помала самодоверба
Стекнувањето самопочитување и самодоверба има корени во чувството на идентитет, а не во добивање материјални работи. Вишокот подароци не значи и високо самопочитување. Истражувањата покажале дека не постои поврзаност меѓу материјалното богатство и самодовербата или среќата. Односно децата кои имаат помалку материјални работи, а имаат позитивна врска со родителите, на тестовите на самодоверба имаат високи оценки. Таквите деца имаат и помалку проблеми во однесувањето.
3. Големиот број подароци им ја крадат постојаната среќа на децата
Со истражувањата е докажано дека луѓето повеќе им придаваат значење на подароци кои им ги купуваат други луѓе, отколку на она шпто сами си го купуваат. Децата кои преголемо значење им даваат на добиените подароци, кога ќе пораснат стануваат егоцентрични и имаат недостиг на емпатија. Тоа што е интересно е дека обично децата кои се немирни добиват повеќе подароци од децата кои се мирни. Родителите прават грешка мислејќи дека децата со повеќе подартоци ќе станат помирни, а со тоа всушност го хранат нивното негативно однесување.
Совет: Намалете го бројот на подароци
Некои подароци имаат повеќе емоционална вредност, отколку материјална. Наградувајте го за време на празниците доброто однесување на вашето дете во текот на годината и нагласете што се направиле добро вашите деца во текот на година. Научете ги децата на радоста на давањето, поттикнете ги и тие да подаруваат.