Родители со антиваксерско убедување одбиле крв од вакциниран дарител за нивното бебе – службите им го одзеле детето (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На брачен пар од Нов Зеланд новороденото бебе им било одземено од страна на властите бидејќи тие одбиле бебето да добие трансфузија на крв од лице кое било вакцинирано против Ковид-19 пред итната операција на срцето.

Шестмесечното бебе од ноември е во болница во Нов Зеланд поради вродени срцеви заболувања. Операцијата била одложена за неколку недели бидејќи родителите не сакале да добие неадекватна крв. Поради тоа, Високиот суд на Нов Зеланд одлучил да го стави бебето привремено под грижа на педијатриска кардиохирургија и кардиолог; до крајот на операцијата и постоперативното закрепнување.

На видеото се гледа како вознемирените родители избезумено се обидуваат да разговараат со властите додека болничкиот персонал им го одзема бебето.

„Ќе бидете запишани во историјата како криминалци кои земаат бебиња од мајки“, се слуша како вели таткото на видеото, а потоа додава дека нивното дете е киднапирано.

„Насилници влегоа облечени во полициски униформи и го грабнаа бебето од кревет. Ова нека биде лекција за целото човештво. Киднапирањето веќе започна, а тоа е во педијатриското одделение. Ги повикувам сите да станат бидејќи сега знаете што продолжува“, додаде таткото.

Родителите ги застапува адвокатката и жестока антиваксер Сју Греј, која на 8 декември на Фејсбук напишала дека приоритет на родителите е да го поддржат детето за време на операцијата. Уште двајца родители од Нов Зеланд оваа недела побарале нивното дете да добие трансфузија на крв од невакцинирана личност.