Родилката од Битола чие бебе почина при породување 12 дена ја чека отпусната листа и обдукцискиот наод


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Немам обдукциски наод, немам отпусна листа… и нема мучканици? Вака битолската родилка Викторија Крстеска чие бебе почина при породувањето пишува на социјалните мрежи за нејзиниот случај.

Таа вели дека 12 дена ја чека отпусната листа, дека сѐ уште го нема обдукцискиот наод и отворено се сомнева во извештаите за причината на смртта на нејзиното бебе.

„12 дена сум дома, а сѐ уште не сум испишана од болницата!? Сѐ уште мојата историја ја нема. И нема мучканици? Или народски речено, ‘чекај да се погодиме на смена заедно, напрајвме шо напрајвме, дај шо да напишиме да се извајме, да налепиме друг или да напрајме сѐ да е подмачкано’…. Не кажувате ништо, ниту за комисијата…“, пишува Крстевска.

Таа прашува и за одбукцијата: „’О’ од обдукција во следните две недели нема да има. Зошто? Па, сигурно се на одмор, иако е наредено да се направи да е во најбрз можен рок. Или пак ќе ме вртите исто како што ми нудевте брда и долини за побрзо да ме истерате од болницата. Јасно е дека има позадина, барем бидете храбри и признајте. Дури сум жива ќе ве гонам сите кои згрешивте за смртта на моето бебе. Па дури и обдукцијата да ја наместите, пошто знам, јасно и гласно ми беше кажано дека ве крепат, кој пари – кој партија, никогаш мирно нема да спиете. Ќе ве прогонува мојот Јован, Јана и уште други илјадници други деца кои вака безмилосно сте ги убиле. Ќе се борам до крај!“, напиша Крстеска.

На 10 април, само два часа по породувањето во битолската болница починало бебето на 24-годишната Крстеска. Таа имала нормална бременост. Министерот за здравство Фатмир Меџити тогаш најави дека случајот итно ќе биде испитан.