Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
20-кратниот Грен Слем шампион, Швајцарецот Роџер Федерер, ќе стане првата жива личност чиј лик ќе биде прославен на метална монета во неговата родна земја.
Официјалната државна ковачница на метални монети во Швајцарија, „Свисминт“, лоцирана во главниот град Берн, во јануари следната година ќе пушти во оптек специјална сребрена монета од 20 швајцарски франци со ликот на Федерер.
Во план се во мај, истата година, да пуштат во оптек и специјална златна монета од 50 швајцарски франци со ликот на тенисерот.
„Ви благодарам Швајцарија и Свисминт за оваа неверојатна чест и привлилегија“, изјави 38-годишниот Федерер кој во моментов се наоѓа на третото место од светската АТП листа.