Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
По повод 49. роденден на првата дама на САД, Меланија Трамп, сопругата на претседателот на САД на Твитер доби невообичаена честитка од Белата Куќа.
Од официјалната претседателска резиденција на САД го честитаа роденденот на Меланија Трамп со фотка која предизвика потсмев на социјалните мрежи.
Happy Birthday, @FLOTUS! pic.twitter.com/qwUwcod5LC
— The White House (@WhiteHouse) April 26, 2019
Фотографијата е снимена за време на посетата на чешкиот претседател Андреј Бабиш на Белата куќа. Новинарите, кои се буквално натрупани еден врз друг, во дадениот момент, всушност, сакаат да го фотографираат Доналд Трамп, а не Меланија која е сама на фотографијата.
— Chibi Lexenstar (@chibilex1) April 26, 2019
Корисниците на социјалните мрежи ја нападнаа Белата куќа за тажната фотографија, каде Меланија седи сама без никој да ја забележи. Други, пак ја исмеваа фотографијата со додавање ликови на софата, како Доналд Трамп, Владимир Путин и други ликови.
— GuillaumeTC (@GuillaumeTC) April 26, 2019
„Меланија изгледа како заточеник”, „Зошто не и честитале роденден со фотографија на која работи нешто?“, се само некои од стотиците коментари.
It didn’t used to be coats though. pic.twitter.com/PpqhulLoZc
— Ann Kriss (@akriss253) April 26, 2019
— Lauren Werner ? (@LaurenWern) April 26, 2019