ROC звучник од 200 евра со потпис од Роналдо


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Реал Мадрид и ROC Sport брендот на португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо, направиле соработка со „Монстер“ брендот со цел да понудат на пазарот нешто спектакуларно.

Станува збор за ROC BackFloat Floating блутут звучник кој е дизајниран да се вклопи во сите временски прилики. Силиконското куќиште на овој звучник е наменето за луѓето кои се активни и се секогаш во движење.

3-12-roc-zvucnik1

Ако сакате да возите велосипед или нешто слично и истовремено да ја слушата вашата омилена песна, тогаш тоа ви е овозможено со ова ремек дело, кое е отпорно на падови, удари и вода. Самото куќиште е украсено со интегриран златен натпис ROC на централното копче.

3-12-roc-zvucnik2

Надворешниот круг на копчето ги носи на себе зборовите „ LiveLifeLoud“, додека неговите контролни тестери се наоѓаат отстрана. Иако е безжичен, овој звучник има стандарден 3,5 милиметарски Aux излез, со што нуди опција да го поврзете со било кој друг уред.

3-12-roc-zvucnik3

Има вграден Блутот за повици, како и микрофон кој ја елиминира вревата, а тука е и USB кабелот за полнење на неговата Li-ion батерија, која може да биде активна и до седум часа.

Цената на овој звучник е околу 200 евра.