Роботизирање на дел од дејностите во болниците за избегнување на инфекции


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во Италија, во Тајланд, но и во некои други земји, роботи веќе заменуваат дел од медицинскиот персонал во болниците со цел да се избегнат инфекции и ширење на заразата од коронавирусот.

Во Италија роботи им го проверуваат пулсот на високо заразните пациенти во единицата за интензивна нега во италијанска болница која се бори против коронавирусот.

Лекарите и медицинските сестри ги сакаат роботите затоа што им го спасуваат животот.

За Италијанците, вирусот им создаде ненадоместлива траума, но повеќе се повредени од фактот дека десетици лекари и медицински сестри умираат обидувајќи се да спасат илјадници пациенти.

Многумина веруваат дека повеќето би биле живи денес, доколку би биле подобро заштитени. Ова објаснува зошто медицинскиот персонал во градот Варезе во северозападна Ломбардија зад нивните заштитни маски се смее додека позираат покрај нивните нови роботски пријатели.

Болницата доби шест нови роботи на тркала. Некои од нив се бели и имаат монитори и разни сензори каде што би била човечката глава. Другите се поедноставни и изгледаат како црни метли на тркалата.

Нивниот изглед предизвикува насмевка на лицата на помладите пациенти, но нивната прва цел е да ги спасат лекарите и медицинските сестри од заразување и ширење на вирусот.

„Тие се неуморни помагачи и не можат да се разболат“, вели Франческо Денали, раководител на одделот за интензивна нега во болницата Цирколо.

Читањата што роботите им ги испраќаат на лекарите им овозможуваат да ги следат виталните знаци на пациенти на мониторите во соседна просторија.

„Медицинските сестри и докторите се погодени од вирусот. Роботите се одлична работа“, рече Денали.

До денес, повеќе од 17.000 луѓе починале од коронавирус во Италија, најмногу на светот. Меѓу нив се повеќе од 80 здравствени работници.