Роботи со тоги во име на студентите ги подигаа факултетските дипломи во Јапонија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Јапонците не би биле Јапонци кога и во вакви тензични времиња, кога владее глобална епидемија на коронавирус, не би се потпреле на технологијата и не би ги вклучиле „во игра“ роботите во образовниот сектор, кога ниту едно училиште и факултет не работи.

На еден универзитет во Токио, наместо физички да бидат присутни на свечената церемонија за доделување на дипломите, студентите виртуално присуствуваа на настанот со помош на роботи и апликацијата „Zoom“.

Роботите носеле студентски капи и мантили, додека на таблетите, кои се наоѓале место нивните „глави“, биле лицата на студентите кои ги „примаат дипломите“.

Ова, меѓутоа, не e прв пат церемонијата на доделување на дипломи во Јапонија, при епидемијата на коронавирусот, да се одвива виртуелно. Уште еден универзитет направи нешто слично, само што тука свеченото доделување на дипломи е одржано во видео играта Мајнкрафт, каде студентите се појавиле во вид на својот аватар.