Робот му упадна во говорот на министерот: „Зборувај поспоро, не разбирам за што зборуваш“ (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Робот висок 93 центиметри и програмиран со вештачка интелегенција го прекинуваше говорот на турскиот министер, а поради тоа мораше да биде отстранет од сцената.

„Зборувај поспоро, не разбирам за што зборуваш“ упадна роботот Санбот во зборот на министерот за комуникации Ахмет Арслан за време на неговиот говор за сигурноста на интернетот.

Министерот најпрво се смееше, но Санбот не се откажуваше.

„За што зборуваш“ го праша роботот кога министерот продолжи со говорот.

„Изгледа некој треба да го стави под контрола роботот“ рече Арслан.

„Ве молам, направете како што треба“ вели министерот.

Видео снимката за инцидентот кружи на Твитер и се емитува на локалната телевизија.